МАКЕДОНИЈА

Во време во кое, научниците откриваат нови планети, на кои е можно да има живот ист како на нашата планета, во време во кое технологијата го променува светот, во време во кое светот е едно глобално село, каде што секој се сели, патува, живее кај што сака, во време во кое едниствена преокупација на младиот човек е, која компанија дава повеќе пари, за да отиде таму да работи, во време во кое младиот човек е преокупиран единствено со тоа, како да најде евтина авионска карта за својот нареден одмор, и кој да биде следниот концерт кој што ќе го посети, во такво време на тотална либерализација, негде на Балканот постои мало парче земја, богато со природни убавини, но сиромашно со морал. љубов, разбирање и мир. Таму негде, постои една држава наречена Македонија. Е таму пријателе мој, таму работите се тотално поразлични од остатокот на светот. Таму луѓето се делат на патриоти и предавници, таму луѓето се делат на партии, таму младите се делат на тие што протестираат и на тие шо контрапротестираат. Во тоа мало парче земја, младите се затворени, не можат да го планираат своето наредно патување, бидејки границите им се затворени, од таму младите не можат да излеззат и да бараат подобра фирма и подобра плата, бидејќи тие за другиот дел од светот не постојат. Тие се “последната дупка на свиралото“, тие не можат да го планираат својот нареден концерт, бидејќи нема таков. Таму нема концерти. Но можат да го планираат својот нареден протест, или контрапротест. Среќни се ако има митинг во главниот град, па да отидат да се прошетаат, да се сликаат. Таму, во Македонија е срамно да си од провинција. Во Македонија, провинцијалците им сметаат на луѓето од големото Село. Во мојата чудесна земја, ако немаш книшка од партијата која е на власт, можеш да сонуваш за работа. А таму, таму секој сонува за работа во администрација. А Македонија е убаво место за живеење, ќе рече некој. И мене ми беше убаво, но морав да избегам, за да не остана на улица, со 50 денари у џеб, да не чекам за некој партиски сендвич за да пробам кашкавал или некој опозициски протест за да дојдам до 500 денари…. Затоа, желба на секој млад македонец, не е да се ожени, да направи деца, да има фамилија. Желба му е да извади бугарски пасош. За да може да избега подалеку од дома, и да бара егзистенција далеку од своите најблиски.Убава територија е Македонија, но е проклето место за Македонците.

 

 

Авторот е емигрант, кој  отиде у пичку материну да заработува за живот  и за леб!

 

 

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

Blog at WordPress.com.

Up ↑

%d bloggers like this: